Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Димитар Гуштанов Атанасов

Роден е во с.Крушево, Серски Демирхисар во 1876 година. Се школувал во родното село, педагошко училиште во Сер и богословија во Самоков. Извесно време учителствува во Неврокопско за покасно, во 1898 година да заврши право во  Лозана (Швајцарија). По враќањето станува учител во Кочани. Во наредната 1899 година бил назначен од Егзархијата за главен учител во егзархсиското класно училиште во Петрич. На оваа должност останува до 1901 година, а потоа бил назначен за професор во Педагошкото училиште и прв директор на гимназијата во Сер.

Тој станува член на ВМОРО уште во 1899 година, за потоа да биде избран за околиски раководител на градот и повеќе села во Петричко. Во 1902 година премуинува во илегала. Пристапува во четата на М.Чаков, а потоа е назначен за член на Сераскиот револуционерен комитет. Г.елчев го назначува за инспектор на четите од овој округ.

Во февруари 1903 година е назначен за Драмски околиски војвода. Го придружувал Г.Делчев во ревизија на четите во Серскиот револуционерен округ. Во март 1903 година учествува во рушењето на мостот на реката Ангиста.

На 4 мај 1903 година, кај с.Баница (Серско), заедно со Г.Делчев и уште неколку други војводи загинале во борбата со турскиот аскер.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik